Фудбалерите на Бразил ја победија Швајцарија со 1:0 (0:0) во натпреварот од 2.к оло на Светското првенство и со две победи веќе си обезбедија место во осминафиналето.
Швајцарија не покажа многу на оваа средба,но успеваше да оддолее на нападоте на „кариоките“ скоро до самата завршница на мечот. Бразил беше доминантен, а Винисиус беше енигма за дефанзивците на Швајцарија.
Во 63. минута Винисиус и побегна на швајцарската одбрана, беше побрз од Ник Елведи и мајсторски ја заврши акцијата со гол, но Ришарлисон беше во недозволена позиција, па голот беше поништен.
20 минути подоцна Касемирo испрати една бомба во мрежата на Зомер за водство од 1:0, што беше и доволно за победа.