Нови проблеми за тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан кој доби лоши вести од медицинскиот тим на „кралскиот клуб“.
Тестовите за коронавирус направени на играчите на Реал Мадрид, Каземиро и Еден Азар дадоа позитивен резултат, соопшти прес-службата на клубот. Екипата на Зинедин Зидан беше тестирана во петокот. Сите, освен овие двајца, се со негативни резултати. Утрово беше извршен нов тест на Каземиро и Азар за да се утврди можното присуство на антитела, како и да се провери дали болеста не поминала кај нив порано.
Но, ваквите антитела не биле откриени, што значи дека и двајцата скоро биле заразени. Утре, недела, Реал Мадрид игра со Валенсија во лигата, а потоа играчите одат во своите репрезентации. За Еден Азар веќе е јасно дека тој нема да се приклучи на тимот на тренерот Роберто Мартинез.

