Фудбалерот за врска на Реал Мадрид, Касемиро, ги сподели очекувањата за реваншот од 1/2 финалето од Лигата на шампионите против Манчестер Сити кој ќе се одигра утре на теренот на шпанскиот тим.
„Мислам дека ништо не се споредува со освојување на Лигата на шампионите. Тоа чувство им е познато само на победниците“ – вели Каземиро.
„Тоа е полуфинале и знаеме дека ќе одлучуваат најмалите детали. Победува тимот што прави најмалку грешки. Ќе биде тешко и за двете екипи“ – потенцираше играчот на Реал Мадрид пред утрешниот реванш со англичаните.