Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Каземиро неизвесен за настап на првиот меч со Бетис
    Фудбал

    Каземиро неизвесен за настап на првиот меч со Бетис

    risteBy riste07/03/2023No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Каземиро би можел да го пропушти првиот натпревар од осминафиналето на Лига Европа против Бетис. Причина за ова е што Бразилецот заработи повреда на дербито со Ливерпул. Тој беше заменет во 77. минута од катастрофалниот меч за „црвените ѓаволи“, а на негово место се појави Марсел Забицер.

    Каземиро, кој е клучен играч во тимот на Ерик тен Хаг, досега настапуваше на сите натпревари на Манчестер Јунајтед во Лига Европа. Беше клучен за елиминирање на Барселона во претходното коло.

    Ако Бразилецот го пропушти дуелот на „Олд Трафорд“ во четврток, партнер во средината на теренот на Фред ќе биде некој помеѓу Мектоминеј и Забицер.

    Каземиро го пропушти вчерашниот тренинг на Манчестер Јунајтед и е испратен на дополнителни тестови. Клубот се уште не објави официјална информација за неговата состојба.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.