Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Каземиро не се сомнева дека иднината на клубот е оптимистичка, иако Реал не успеа да го привлече Килијан Мбапе.
„Овој клуб не е за играчите, тој е за историјата. Играчите можат да остават трага, како Алфредо ди Стефано или Кристијано Роналдо. Навивачите можеби се тажни, но со ова што го имаме клубот ќе продолжи да победува“, изјави Каземиро.
„Мбапе е одличен играч. Откако донесе одлука, ние мора да го почитуваме. Треба да сфатиме дека тој ја донесе оваа одлука заедно со неговото семејство и повеќе не можеме да зборуваме за играч кој не е во сопственост на Реал Мадрид“, додаде тој.

