Германскиот интернационалец и фудбалер на италијанскиот шампион Јувентус Сами Кедира ќе се врати во игра на крајот од март, објавија медиумите во Италија.
31-годишниот играч од средниот ред беше подложен на операција на срцето на 19-ти февруари поради срцева аритмија, но тој се опоравува побрзо отколку што се очекуваше.
Фудбалерот од средниот ред го пропушти првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите со Атлетико (Мадрид), кој неговата екипа го загуби со 2:0. Оваа сезона Кедира одигра 15 натпревари за Јувентус, во кои постигна два гола.