Сами Кедра ќе биде играч на Јувентус до 2021. Денеска од клубот и официјално ја потврдија веста за успешно завршените преговори со Германецот за продолжување на неговиот престој во Торино и во периодот од следните 3 години.
Новиот договор со Кедира е за период од две години, со дополнителна можност за продолжување на уште една година. Кедира влегува во својата четврта сезона во дресот на „Старата Дама“ и веќе стана миленик на домашнат апублика. Тој оваа сеозна веќе стартуваше и со еден гол во Серија А лигата, оној на отворањето на сезоната против екипата на Киево.
Од неговото пристигнување во 2015 година, Кедира е практично незаменлив во средниот ред на Јуве, секогаш демонстрирајќи техника, класа, харизма и искуство.