Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах, ќе го предводи египетскиот тим кој ќе настапи на Африканскиот фудбалски куп на нации во Камерун.
Селекторот на „фараоните“, Карлос Кеирош, го повика и Трезеге кој по подог период ја санираше повредата и се врати во Премиер лигата. Во тимот се вклучени и напаѓачот на Галатасарај, Мостафа Мохамед и играчот од средниот ред на Штудгарт.
Египет кој има седум рекордни титули е еден од фаворитите на турнирот закажан од 9 јануари до 6 февруари.