Премиерлигашот Кристал Палас го привлече поранешниот капитен на Челзи, Гери Кејхил во своите редови. 33-годишниот централен дефанзивец пристигнува во клубот како слободен агент откако му истече договорот со Челзи во јуни.
„Среќен сум што сум тука. Ова е добра можност за мене да ја продолжам кариерата во Премиер Лигата и да играм во квалитетен тим. Овде има многу интересни и талентирани играчи и со нетрпение чекам да влезам во новиот предизвик. Подготвен сум да играм што е можно подолго. Се чувствувам во одлична форма. и јас сум подготвен да дадам 110% за клубот во кој играм. Се надевам дека тоа е доволно за менаџерот, за моите соиграчи и за навивачите“, рече Кејхил по потпишувањето со Кристал Палас.
Договорот на Кејхил со Кристал Палас е на две години, при што клубот не открива дополнителни детали за параметрите на договорот.