Голманот на Реал Мадрид Кејлор Навас не размислува и не е многу загрижен за својата иднина, и покрај гласините дека голманот на Челзи Тибо Куртуа ќе пристигне на „Сантијаго Бернабеу” ова лето.
„Веќе разговарав со Лопатеги. Сè е во ред, немам грижи. Вистината е дека имам уште две години на договорот. Моите мисли и енергија се за тоа како можам да се подобрам со секојдневните напорите што треба да ги направам. Уживам во секој момент. Ќе видиме што ќе се случи во иднина, па не морам да престанам да уживам во животот. Јас сум мирен и добар во Реал “, изјави Навас во интервјуто за „Ла Насион“.