Иако е љубинец на навивачите, Кејлор Навас сепак ќе го напушти Реал Мадрид. Разделбата беше одложувана веќе подолг период, но овој пат кралскиот клуб ја прифати понудата од Париз Сен Жермен, објави „Марка“.
Во изданието не е наведена одредена сума, но трансферот би можел да биде дел од договорот со Нејмар доколку Бразилецот се одлучи да се пресели во Реал Мадрид.
Навас може да пристигне денес во Париз. Тој самиот изрази желба да ја промени средината затоа што не сака да биде резерва на Тибо Куртоа.
ПСЖ веќе долго време бара квалитетен чувар за да се натпреварува со Алфонс Ареола. Во Париз размислуваат на подолг период и знаат дека Ареола е квалитетен голман , но потребна му е серизана конкуренција, а ќе ја има во Костариканецот кој дополнително ќе го мотивира. На „Паркот на принцовите“, Кејлор Навас ќе ги ужива истите финансиски услови како во Мадрид, но ќе има многу повеќе простор за настап. Реал Мадрид веќе бара замена.
Идејата е да се привлече искусен голман, а се споменуваат имиња како Хозе Реина и Карлос Камени. Навас пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ во 2014 година од Леванте за 10 милиони евра. Минатата сезона тој настапи само на 10 натпревари во лигата, а прими 8 гола.