Фудбалерот, Хари Кејн, кој беше стрелец на вториот гол за Тотенхем на вчерашното градско дерби со Челзи, вели дека неговито тим заслужено го доби мечот од 25 коло во елитниот шампионат на Англија.
„Челзи секогаш е тежок противник. Со победата се зацврстивме на четвртото место на табелата а тоа е многу значајно“ – потенцираше првиот голгетер на „спарси“.
„Во првото полувреме се играше изедначено. Во вториот дел имавме повеќе шанси и бевме подобри. Покажавме квалитет“ – изјави Кејн по триумфот со 2:0.