Заврши сагата околу трансферот на фудбалерот, Хари Кејн, во редовите на Баерн Минхен.
Германскиот тим ќе го купи напаѓачот на „спарси“ за 100 милиони евра откако двете страни ги договориле сите услови, најавија медиумите во Европа.
Кејн за англискиот состав настапува од 2011 година. Досега има 435 мечеви, постигнал 280 голови и направил 64 асистенции.