Хари Кејн кој е лидер на листата на стрелците на тековниот Мундијал во Русија, нема да се појави во дресот на Англија на денешниот меч со Белгија кој решава за првото место во групата, објави -„Телеграф“.
Според британското издание, Џејми Варди ќе започне од првата минута. Информацијава, само ги зголемува шпекулациите дека двата тима нема да настап во најсилните состави бидејќи имаат обезбедно место во наредната фаза.
„Гордиот Албион“ и Белгијците в пресрет на денешниот дуел од 20.00 часот во Калининград, имаат идентичен ефект. Единствената разлика е во бројот добиени картони, тука островјаните имаат предност.