Капитенот на Англија, Хари Кејн, кој вчера во финишот на мечот со Франција не успеа да погоди од белата точка кога противникот имаше предност од 2:1, вели дека ја презема одговорноста за елиминацијата на Островјаните од Мундијалот во Катар.
Тој прво реализираше удар од белата точка во 54. минута но, потоа го промаши вториот пенал што беше пресудно за елиминацијата на Англија.
„Не сум некој што размислува премногу, се подготвувам за пенал како и сите други. Тимот не е виновен за ништо јас ја преземам одговорноста“ – вели Кејн.