На натпреварот кој Баерн Минхен го одигра со Реал мадрид (2:2) , англискиот интернационалец и репрезентативе Хари Кејн постигна еден гол, од пенал во 57.минута, а тоа беше негов 8 гол во Лигата на шампионите оваа сезона за Кејн, а кога на тоа ќе се додадат уште 3 асистенции, тоа значи 11 ефективни поени (гол+асистенција). Кеј постави нов рекорд кај Англичаните за постигнати голови во една сезона во Лигата на шампионите.
Да се потсетиме дека Хари Кејн постигна 43 гола на 43 натпревари за Баерн во сите натпреварувања оваа сезона и го дели првото место по голови во топ 5 лигите со Килијан Мбапе од ПСЖ. Реваншот меѓу екипите ќе се одигра на 8 мај и ќе се одржи на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид.