Фудбалерот, Хари Кејн, се согласил да замине во Баерн Минхен а неговиот татко ги договорил и личните услови со германскиот гигант, велат последните информации од Англија.
Баварците веројатно ќе мора да одвојат 100 милиони да го купат репрезентативецот на „Гордиот Албион“ бидејќи првиот човек на Тотенхем, Даниел Леви, ја одби понудата од 70 милиони евра.
Во исто време и Манчестер Јунајтед се обидува да издејствува трансфер на Кејн кој има само уште една година од договорот со „спарси“