Капитенот на англиската фудбалска репрезентација, Хари Кејн, пред денешниот натпревар со Шкотска, истакна дека се освен пласман во полу-финалето на Европското првенство ке се гледа како разочарување за – „Гордиот албион“.
„Ќе биде тежок натпревар, фокусот мора да остане највисоко на нашата агенда, ќе сториме се за да победиме“ – вели напаѓачот на Англија.
„Би било добро уште денеска да обeзбедиме плaсман во наредната фаза. Ќе бидеме разочарани доколку не успееме да стигнеме барем до полу-финалето“ – истакна Хари Кејн.