Англискиот гол-мајстор Хари Кејн не е вознемирен од тоа што сè уште нема постигнато гол на Светското првенство и е убеден дека головите ќе дојдат бидејќи планира да ја однесе Англија во завршницата на Мундијалот.
Англичаните вечерва ќе се соочат со Сенегал во осминафиналето.
„Се чувствувам многу добро. Немам здравствени проблеми и секој ден се чувствувам подобро. Ќе беше убаво да имав 2-3 гола до сега, но во групата се одеше според планот, а сега почнуваат важните натпревари“, изјави Кејн.
„Досегашните натпревари не беа премногу груби и се чувствувам одлично. Не сум уморен и мислам дека играм добро. Настапот обично се оценува според головите, но јас сум мирен бидејќи го правам најдоброто за тимот. Сега започнува сосема друга трка и вашето поставување мора да биде поинакво. Има работи што треба да се подобрат и сега го имаме првиот од четирите натпревари што треба да ги победите за да бидете светски шампион“, вели Кејн.