Хари Кејн вчера постигна три гола на натпреварот од германското првенство со Бохум (7:0) и се запиша во историјата на Бундеслигата.
Напаѓачот на Баерн Минхен стана четвртиот Англичанец во историјата кој постигнал хет-трик во Бундеслигата.
Претходно, ова постигнување во своето фудбалско CV го имаат и Кевин Киген (1978 година), Тони Вудкок (двапати – во 1980 година и 1982 година) и Џејдон Санчо (мај 2020 година).