Резервниот голман на Ливерпул, Квивин Келехер, најверојатно ќе го напушти клубот на лето. Тој самиот го навести ова во едно интервју. Ирецот веќе долги години е резерва на Алисон Бекер и верува дека е дојдено време да го направи следниот чекор во кариерата.
Келехер минатата сезона имаше голем број настапи за првиот тим за „црвените“ поради отсуството на повредениот Бекер. Ирецот импресионираше со своите игри и изрази надеж дека може да биде прв избор на голот на друг клуб. Засеган нема информации за први понуди за него.

