Екипата на Ливерпул имаше тежок дуел со Дерби Каунти во Лига Купот и на пенали успеа да се избори за пласман во осминафиналето. Ирскиот голман Келехер блескаше во пенал рулетот со вкупно 3 одбрани кои го испратија Ливерпул во следната фаза.
„Во последните пет минути од играта веќе се чувствуваше дека работите одат на пенали. Се фокусирав на тоа да им помогнам на момците со неколку одбрани“, изјави Келехер по натпреварот.
Интересно, Келехер не е херој во пенал-рулетот за првпат. Ова беше четвртипат тој со своите одбрани на пеналите да го однесе тимот во следната фаза и тоа го прави рекордер на голот на Ливерпул.