Претседателот на Германската фудбалска федерација, Фриц Келер, донираше 1% од годишната плата за добротворни цели. Неговата фондација го поддржува социјалниот проект – „Духот на фудбалот“ во Ерфурт (Германија).
„Корона-вирусната криза јасно стави до знаење колку сме зависни еден од друг во нашето општество и дека можеме да се справиме само со огромните социјални предизвици на нашето заедничко време“ – рече Келер.
Фондацијата – „Заедничка цел“, која е основана во 2017 година има поддршка од тренери и играчи како што се: Јирген Клоп (Ливерпул), Нагелсман (РБ Лајпциг), Марко Роуз (Борусија Менхенгладбах), Серж Гнабри (Баерн Минхен), Тимо Вернер (Челзи) и Матс Хумелс (Борусија Дортмунд).

