Поранешниот фудбалер на Арсенал, Кевин Кембел, очекува тренерот на „топчиите“, Микел Артета, да обезбеди квалитетни засилувања во текот на летниот трансфер-период. Клубот од северен Лондон кој се соочува со многу проблеми на одредени позиции, дефинитивно треба да го зголеми ростерот.
„На Арсенал му се потребни четири-пет играчи. Потребни се стопери, играчи од средината на теренот и втор напаѓач или крилен играч“ -вели Кембел.
„Можам да ги донесам Томас Парти од Атлетико и Рабио од Јувентус. Мислам дека Калиду Кулибали е брз и одличен дефанзивец кој му треба на Арсенал“ – потенцираше некогашниот играч на тимот.