Фудбалерите на Австралија денеска го совладаа Тунис со 1:0 во рамките на второто коло во групата – „Д“ на Мундијалот во Катар и направија голем чекор кон фазата на елиминации.
Натпреварот го реши погодокот на Дјук со глава во 23 минута по одлично нафрлена топка во шеснаесетникот. За популарните „кенгури“ тоа е трета победа во историјата на Светските првенства.
Во групата денеска ќе биде одигран и мечот меѓу Франција и Данска но, без разлика како ќе заврши, Австралија во последното коло против Данците сама си ја крои судбината.