Онесмус Киплагат победи на 18-то издание на традицоналниот Скопскиот атлетски маратон кој денеска се одржа низ улиците на главниот град. Тој патеката долга 42 километри ја помина за 2:18:19 часа.

Второто место му припадна на нашиот Дарио Ивановски пред уште еден наш претставник, Никола Илиевски. Кенијците ја потврдија доминацијата и во женска конкуренција. Победи Кетрин Черотич од со време од 2:38:48 часа пред нашата Биљана Кираџиева.

Во полумаратон во женска конкуренција славеше Адријана Поп Арсова пред Греса Бакрачи од Косово и Миљана Ристиќ. На машкиот полумаратон победи македонскиот атлетичар Жан Тошев со време од 1:11:56 часа пред беше Иван Пешовски и Атанас Анчевски.



