Голманот на Челзи, Кепа Аризабалага би можел да биде позајмен на италијанскиот Наполи, пишуваат медиумите од Италија.
Шпанскиот репрезентативец стана непотребен на „Стемфорд Бриџ“ откако менаџерот Томас Тухел цврсто го постави Едуард Менди како стартен голман.
Од доаѓањето на Менди во 2020 година, Аризабалага има само 29 настапи во сите натпреварувања за лондончани.
Кепа Аризабалага бара нов тим кој ќе му даде минутажа за играње додека се обидува да се избори за место во репрезентацијата на Шпанија за Светското првенство во Катар оваа година. Наполи од своја страна бара голман со квалитети по заминувањето на Давид Оспина во Ал Насер од Саудиска Арабија.

