Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Кепа и официјално во дресот на Челзи
    Фудбал

    Кепа и официјално во дресот на Челзи

    risteBy riste09/08/2018No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Челзи доби нов голман ! Шпанецот Кепа Аризабалага потпиша договор со Челзи, а тоа е нешто што вчера беше најавено од страна на медиумите во Англија.

    Кепа стави потпис на договор за период од 7 години, што значи дека се обврза да го носи дресот на Челзи до 2025 година. Досегашниот голман на Атлетик Билбао стана и официјално најскапиот голман во историјата на фудбалот бидејќи за неговата „слобода“  Челзи ја активираше откупната клаузула од неговиот договор која беше во висина од 80 милиони евра. Со ова е срушен рекордот кој неодамна го постави Ливерпул со купувањето на Алисон од Рома за 72 милиони евра. Кепа досега одигра преку 50 натпревари во Ла Лига, а беше дел од репрезентацијата на Шпанија на СП во Русија.

    „Многу работи ме привлекоа во Челзи, титула, сегашните, поранешните играчи, градот и Премиер лигата. Мило ми е што Челзи верува во мене. Ова е важна одлука за мене и мојата кариера“ изјави кепа за официјалниот сајт на Челзи.

    Кепа Аризабалага на голот на Челзи ќе го замени белгискиот голам Тобо Куртуа кој денес требада ги заврши лекарските прегледи и да стави потпис на договорот со реал Мадрид. Лондонскиот тим од трансферот на Куртуа би требало да заработи околу 35 милиони евра. кепа е второто засилување кое пристигна во Челзи во текот на вчерашниот ден, затоа што претходно опремата на Челзи ја задолжи и Матео Ковачиќ кој е дел од овој договор и доаѓа во Лондон на позајмица од 1 година.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Френки де Јонг отпадна од составот на Холандија поради повреда

    20/03/2023

    Севиља одлучи да го отпушти тренерот Хорхе Сампаоли 

    20/03/2023

    Инзаги : голот е нерегуларен!!

    20/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Френки де Јонг отпадна од составот на Холандија поради повреда
    • Севиља одлучи да го отпушти тренерот Хорхе Сампаоли 
    • Верстапен не е задоволен од второто место
    • ВБА им постави ултиматум на Фјури и на Усик
    • Инзаги : голот е нерегуларен!!
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.