Лацио ќе бара нов голман во текот на зимскиот преоден рок. Според весникот „Република“ главниот тренер на тимот Маурицио Сари се фокусирал главно на де имиња: Алекс Мерет и Кепа Аризабалага.
Мерет не може да се бори за стартно место во Наполи во конкуренција на Давид Оспина, а Кепа е резерва во Челзи откако тимот го купи Едуард Менди. Сари одлично го познава Кепа од нивната заедничка работа на „Стемфорд Бриџ“ и е подготвен да го донесе во Лацио.

