Неколку актуелни белгиски играчи добија УЕФА А тренерска лиценца, информират медиумите во оваа земја.
Според истоте, УЕФА А тренерски лиценци добиле: Кевин Де Бруин од Манчестер Сити, Јури Тилеманс од Лестер Сити, Дрис Мертенс од Наполи, Јан Вертонген од Бенфика, Аксел Витсел од Борусија Дортмунд и Леандро Тросард од Брајтон. Ова веројатно не е целата листа на белгиски лиценцирани играчи.
Тренерската лиценца А на УЕФА е втора лиценца во хиерархијата, само Про лиценцата е над неа. Со тренерска дозвола од А ниво, можете да се водат младински тимови до 18 години, резервните тимови на клубови од највисоките дивизии, како и тимови кои играат во втората лига на една земја.

