Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Сити, Кевин Де Бруин беше веројатно најдобриот играч на теренот во синоќешната клучна победа од 4:1 над лидерот во Премиер лигата, Арсенал.
Белгискиот интернационалец блесна со два гола за својот тим. Меѓудруго, тој даде и асистенција за голот на Џон Стоунс. Така, Де Бруин собра вкупно 102 асистенции во Премиер лигата, со што се изедначи со легендата на Челзи, Френк Лампард на четвртото место во вечната ранг-листа на англиската елита во овој поглед. Пред нив се само рекордерот Рајан Гигс со 162 асистенции, Сеск Фабрегас со 111 и Вејн Руни со 103. Така, 31-годишниот фудбалер може дури и да го надмине одличниот напаѓач на неделното гостување кај Фулам.
Само во досегашниот дел од сезоната, тоа е 16-та асистенција на Де Бруин во лигата, пет повеќе од неговиот конкурент, Букајо Сака од Арсенал.