Играчот за врска на Манчестер Сити, Кевин Де Бруин се врати на тренинзите со останатиот дел од екипата.
Да потсетиме, белгискиот фудбалер се повреди на 20 јануари на мечот од англиската Премиер лига со Астон Вила (2:0). Де Бруин не можеше да го продолжи дуелот и беше заменет во 59. минута од средбата. Беше објавено дека поради повреда на тетивата, белгискиот интернационалец може да ги пропушти натпреварите до шест недели.
Оваа сезона, играчот за врска учествуваше на 17 натпревари во Премиерлигата, постигна три гола и 10 асистенции. Манчестер Сити има 53 бода на 23 натпревари и е лидер во Англискиот шампионат.

