Белгискиот фудбалер Кевин де Брујн од Манчестер Сити ја доби наградата за најдобар играч во средниот ред за изминатата сезона која ја доделува УЕФА.
Де Брујн беше вистински водич на неговата екипа во текот на изминатата сезона, а во трката за првото место беше подобар од двојката на баерн Минхен, Томас Милер и Тиаго Алкантара. Во рангирањето од четвртото до десеттото место завршија Гнабри, маркињо, Кимих, Горецка, Ауар, Ди Марија и Сабицер.
На истата позиција, но во женска конкуренција е прогласена Џенифер Маросан од Лион.

