Фиорентина официјално го објави трансферот на Кевин-Принц Боатенг, кој пристигнува од Сасуоло за околу 1 милион евра. Неговиот договор ќе биде за период од две сезони.
Така, 32-годишниот Кевин-Принц Боатенг ќе игра во дресот на 12-от различен клуб, откако беше дел од Херта, Тотенхем, Борусија Дортмунд, Портсмаут, Џенова, Милан, Шалке 04, Лас Палмас, Ајнтрахт Франкфурт, Сасуоло и Барселона. Во два наврати беше дел од екипата на Милан.
„Малку сум уморен, но многу среќен што сум овде во Фиренца. Ја избрав Фиорентина заради проектот. Клубот навистина ме сакаше и изврши толку голем притисок за потпишувањето со мене. Тоа беше многу важно за мене, со оглед на мојата возраст“, изјави Боатенг.