Кошаркарските состави на МЗТ Скопје и Работнички ќе треба да издвојат вкупно 30.000 денари поради неспортското однесувањето на нивните навивачи на градското дерби.
Двата тима ќе платат по 8.000 денари за неспортско скандирање а Работнички дополнително ќе издвои и 14.000 денари поради фрлениот факел и други меки предмети на паркетот.
МЗТ Скопје доби само опомена бидејќи на опремата го немаше логото на федерацијата.