Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»KФСМ ги утврди системот, календарот и распоредот за сезоната 2022/2023 година.
    Домашен микс

    KФСМ ги утврди системот, календарот и распоредот за сезоната 2022/2023 година.

    dinoBy dino28/09/2022No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    По состанокот помеѓу претставниците на Здружението на клубови од Првата лига-мажи, комесарот за натпреварување и раководството на КФСМ, утврдени се системот, календарот и распоредот за натпреварување во натпреварувачка сезона 2022/2023 година.

    Системот претрпи измени поради се уште актуелната пандемија со „Ковид-19“, се поизвесната енергетска криза и намалување на трошоците на екипите. Освен тоа, усвоени се уште неколку битни измени:

    -Преодниот рок за сезоната 2022/2023 завршува заклучно со 01.03.2023 година.
    -За нов претседател на здружението на клубовите од Првата лига-мажи избран е претставникот на КК „Гостивар 2015“, Стојмир Дејаноски.
    -Екипите се задолжуваат да ги подмират своите финансиски обврски по основ на долгувања, како и првата рата од котизацијата за натпреварување за сезона 2022/2023, пред почетокот на првенството.
    -Согласно членот 27 од Пропозициите за натпреварување во сениорските лиги, и во оваа натпреварувачка сезона екипите може да играат со кожни топки кои се одобрени и го имаат знакот на ФИБА, големина 7, (Вилсон, Спалдинг, Молтен…).   
    -Согласно членот 16.6, поточно 16.6.1, екипите се должни да достават информација за лицето кој е одбран за Комесар за безбедност од страна на клубот, име и презиме, број на мобилен телефон и електронска пошта.

    Дополнително е официјализиран и Прирачникот „Стоп за насилство и недостојно однесување на кошаркарските натпревари“.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    КФСМ доби нов партнер

    28/03/2023

    КФСМ ја одреди казната за Смилковски

    24/03/2023

    Димевски избран во Координативната комисија за Европски игри Краков 2023

    22/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Хакан Чалханоглу пред потпишување на нов договор со Интер
    • Познато е колку ќе добие Конте по отказот од Тотенхем
    • Жиру го надмина Турам и сега е највозрасниот фудбалер со настап за Франција
    • Челзи и Тотенхем го сакаат Нагелсман на својата клупа
    • Букајо Сака пред нов договор со Арсенал, ќе добие 4 пати поголема плата !
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.