Тренерот на кошаркарите на ТФТ, Борко Смилковски, е казнет со 41.600 денари за навредите упатени кон судиите на мечот против Академија ФМП кога доби доби две технички грешки.
Тоа значи дека тимот од Тафатлиџе ќе плати 3.200 денари за првата техничка грешка и двојно повеќе за втората. Дополнително ќе треба да издвои и 32.000 денари по пријавата од судиите.
Згора на тоа ТФТ ќе плати и 8.000 денари казна за неспортско однесување како и по 6.400 денари за техничките грешки што ги заработија Андерсон и Мекбраер.