Вчера започна групната фаза на Европското првенство-2020. Воведниот натпревар на турнирот беше дуелот меѓу Турција и Италија. Средбата се одигра на стадионот „Олимпико“ во Рим и заврши со резултат 3:0 во корист на Италијанците.
Дефанзивецот на италијанскиот тим Џорџо Киелини беше во стартниот состав. За 36-годишниот фудбалер ова е четврто Европско првенство. Претходно учествуваше на Европските првенства во 2008, 2012 и 2016 година.
Така, тој го повтори репрезентативниот рекорд што претходно го држеа Џанлуиџи Буфон и Алесандро Дел Пјеро. Италијанската репрезентација освои три бода и ги во првиот натпевар од групата А во која уште играат Швајцарија и Велс, кои својот натпревар ќе го одиграат денес.

