Италијанскиот шампион Јувентус ќе биде без централниот дефанзивец Џорџо Киелини за претстојниот натпревар од 37.коло во Серија „А“ против Аталанта.
Според информациите од Италија, ветеранот има повреда што го спречува да учествува на овој меч. Затоа 34-годишниот фудбалер нема да биде дел од прославата на „Скудето“, која ќе биде веднаш по завршувањето на натпреварот.
Јувентус и Аталанта се среќаваат на стадионот „Алијанц“ во Торино во недела од 20:30 часот. За домаќините натпреварот е тотално небитен, но на гостите им се потребни три бода во битката за пласман меѓу најдобрите 4 екипи во Италија и обезбедување на пласман во Лигата на шампионите.
Од друга страна играчите на Јувентус се сеќаваат на тешкиот пораз кој го доживеаа од Аталанта во Купот на Италија кога беа елиминирани токму во Бергамо.