Џорџо Киелини и Алекс Сандро се вратија на тренинг во својата екипа. Малку е веројатно дека тие ќе бидат во составот на екипата за натпреварот против Милан во вторник.
Маурицио Сари нема да може да смета на Матијас Де Лихт и Пауло Дибала за дербито во Милано, бидејќи и двајцата се казнети.
Така, опциите за центарот во одбрана на тренерот се доста ограничени и тој се надева дека Киелини е во доволно добра состојба да биде вклучен во групата на играчи за овој натпревар. Гонзало Игуаин се очекува да игра на местото на Дибала. Повредени се Матијас Де Шиљо, Сами Кедира и Мерих Демирал. Турскиот репрезентативец се очекува да го продолжи со тренингот следната недела.
Вчера Јувентус ја забележа својата четврта последователна победа, а по киксот на Лацио веќе има предност од седум бода на врвот на табелата.