Капитенот на Јувентус Џорџо Киелини и Федерико Бернардески се вратија на тренинзите на својата екипа по повредите.
Двајцата фудбалери на Јувентус во вторникот го пропуштија тешкиот пораз од 4:0 од Челзи во Лигата на шампионите, но се очекува да бидат на располагање за дербито со Аталанта во сабота.
Матија Де Шиљо се уште е надвор од комбинација за тренерот Масимилијано Алегри, но големи се шансите Пауло Дибала да биде подготвен за настап на оваа средба.