Давиде Липи кој му е агент задолжен за трансфери на фудбалерот, Џорџо Киелини, изјави дека набрзо ќе се преговара со Јувентус за продолжување на соработката.
Дефанзивецот во текот на летото успеа да се израдува на победничкиот пехар на ЕУРО 2020 и беше беше еден од најзаслужните што Италија ја покори Европа.
„Џорџо беше фокусиран на настапите за репрезентацијата. Нема никаков проблем со Јувентус. Договорот беше да се сретнеме во текот на летово. Во моментов нема понуда од друг клуб“ – вели Липи.