Капитенот на Јувентус, Џорџо Киелини призна дека има голем респект кон играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба.
Искусниот дефанзивец, исто така, го коментираше и претстојниот дуел меѓу двете екипи на „Олд Трафорд“.
Францускиот играч за првпат ќе се соочи со своите поранешни соиграчи, како што е познато, играчот од средниот ред беше поврзан со враќање во Торино.
„Имаме многу љубов и почит кон момчето што го видовме како расте со нас, а потоа отиде. Жал ми е што си замина, иако во последната година се пишува за негово враќање“, изјави капитенот на Јувентус.
„Ова е натпревар на историски стадион меѓу две екипи кои сакаат да докажат дека го заслужуваат првото место во групата. Знаеме дека нема да биде лесно бидејќи се соочуваме со тим со многу шампиони во составот и одличен тренер”, додаде Киелини.