Главниот дефанзивец во редовите на Италија, Џорџо Киелини, веројатно ќе биде во почетниот состав на Италија на средбата со Белгија во четвртфиналето на Евро 2020.
Капитенот на „аzурите“ се здоби со повреда на натпреварот против Швајцарија во групната фаза и мораше да ги пропушти наредните наредните два меча. Тој во изминатиот период тренираше индивидуално и успеа да се врати во посакуваниот ритам за да може да биде активен на теренот.
Според – „Скај Италија“, Роберто Манчини на дуелот со Белгија ќе ги пријави во првата постава истите фудбалери со кои започна на мечот со Австрија. Единствена промена ќе биде Киелини на местото на Франческо Ачерби.

