Дефанзивецот на италијанскиот шампион Јувентус, Џорџо Киелини, има скинат мускул на десниот бут и повреда на коленото, поради кои не ќе може да се врати во скоро време на фудбалските терени.
Според информациите од Италија, фудбалерот вчера бил на лекарски прегледи и не се знае кога точно ќе може да се врати во тимот. Тој сигурно го пропушта саботното гостување на големиот ривал Интер.
Оваа сезона Киелини одигра 38 натпревари во сите натпреварувања во кои има 2 асистенции, но не е исклучено да остане надвор од терените до крајот на сезоната.