36-годишниот дефанзивец Џорџо Киелини потпиша нов договор со Јувентус, соопшти прес-службата на клубот од Торино.
Новиот договор ќе важи до летото 2023 година. „Ова е важен чекор во мојот живот. Дојдов во Јувентус кога бев момче и сега уживам во секој момент. Сакам да му помогнам на Јуве да освои други титули“, рече Киелини.
Да потсетиме, претходниот договор на Киелини со Јувентус истече на 30 јуни. Дефанзивецот стана најстариот капитен во историјата на финалето на Европското првенство, надминувајќи го Џaнлуиџи Буфон, кој играше во финалето против Шпанија на Евро 2012.
На Евро 2020, Џорџо Киелини одигра 5 натпревари, бидејќи ги пропушти натпреварите со репрезентациите на Велс и Австрија поради повреда. За централниот дефанзивец, последниот натпревар беше 95 -ти во негова кариера како дел од националниот тим.