Поранешниот дефанзивец на италијанската репрезентација Џорџо Киелини ги наведе силните страни на неговиот поранешен соиграч Кристијано Роналдо.
„Кристијано бараше многу, сакаше да победува и тоа успеа да им го пренесе на сите во Јувентус. Сакаше да постигнува голови, да руши рекорди. Да се игра со него три години беше привилегија“ – изјави Киелини, цитиран од официјалниот сајт на ФИФА.
Роналдо играше за „старата дама“ од 2018 до 2021 година. На 134 натпревари постигна 101 гол и 22 асистенции.