Дефанзивецот на фудбалскиот состав Јувентус, Џорџо Киелини, вели дека неговиот тим ако победи в недела на теренот на Наполи, практично ќе ја обезбеди титулата во Серија „А“.
„Ни претстои многу значаен натпревар со Наполи – тим кој во последниве години секогаш беше наш главен конкурент.Тие ќе се обидат да докажат дека се барем на нашето ниво“ – потенцирал искусниот играч на „старата дама“.
„Ние сакаме уште сега да ги решиме сите дилеми околу титулата во Серија „А“. Очекувам и двата тима да играат офанзивен фудбал. Секогаш сум имал добро мислење и за Карло Анчелоти. Тој умее да го извлече најдоброто од фудбалерите. Наполи го заслужува местото што го има” – изјави Киелини.