Капитенот на Јувентус, Џорџо Киелини, смета дека сегашниот тим на „бјанконерите” е најсилен во последните осум години.
Ова е периодот во кој Јувентус направи една многу хомогена екипа и е неприкосовен во Италија. Киелини рече дека не го сметал само составот на Јувентус и неговата сила како тим. Во последниот натпревар, Јувентус играше против Фрозиноне, но постигнаа победа од 2:0 со головите на Кристијано Роналдо и Федерико Бернадеси во последните десет минути.
„Игравме многу сконцентрирано и фокусирани. Тоа беше еден од оние тешки натпревари против тимови кои можат да не казнат и при најмала грешка. Со квалитетите што ги имаме, би било сензација да не победиме. Никој не очекува ништо друго освен Кристијано Роналдо да постигне гол. Тој имаше мал проблем да се врати психолошки ппо оној шок кога доби црвен картон против Валенсија, но тој голем професионалец и секогаш е одлучувачки играч за нас. Не сум изненаден од напредокот на Бернадески, Пауло Дибала беше многу важно за нас, заработи многу слободни удари и ни даде шанса да бидеме опасни од воздух. Ако продолжат да работат на тој начин, тоа ќе биде подобро од пред една година”, рече Киелини.
Тој беше запрашан од каде Јувентус се мотивира за нови победи по седум последователни титули во Серија „А“.
„Јас лично имав одлични учители како Фабио Канаваро, Андреа Пирло, Алесандро дел Пјеро и Џиџи Буфон. На секој тренинг тие се обидуваа да направат нешто подобро, тоа е тајната. Она што можам да го кажам е дека во моментов го имаме најсилниот Јувентус во последните осум години”, заврши Киелини.