Главниот дефанзивец на фудбалскиот состав Јувентус, Џорџо Киелини, ја санирал повредата на коленото која го одалечи од терените околу шест месеци и ќе му биде на располагање на тренерот, Маурисио Сари.
Искусниот стопер вчера го одработил задолжителниот тренинг и покажал дека полека се враќа во посакуваниот ритам.
„Старата дама“ води жестока битка со Интер и Лацио за Скудетото а набрзо ја очекува и првата елиминациска фаза во Лигата на шампионите и двомечот со францускиот Лион.
